еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Реновирана “Улицата на бутиците“ во Тетово, беше промовирана со албански знамиња и обележја

Во Тетово вчера беше пуштена во употреба реновираната улица „Радован Цониќ„, попозната како „Улица на бутиците„.

На промоцијата имаше само знамиња на Албанија, а деца носеа албански народни носии.

На прашањето зошто на промоцијата нема македонско знаме и македонски обележија, градоначалникот Билал Касами рече дека државни обележја ќе имало во друга прилика.

Улицата е реновирана со пари од Европската Унија.

Истата е долга околу 400 метри. Улицата доби нова канализација и подземна инфраструктура, а поставени се и клупи, канделабри, калдрма и се посадени млади садници со дрва.

Фото: Оштина Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партијата „ЗНАМ“ на Димитриевски за неколку часа ги собра потписите за регистрација

Редакција

Тендер тежок 40 милиони денари: Кој ќе ги осигура вработените во МВР?

Редакција

Латас и неговите браќа прогласени за невини, трошоците за судската постапка ќе ги плати државата

Редакција