Пополнета е квотата од 100 лица за доброволна вакцинација против вирусот Ковид-19 со вакцината „АстраЗенека“, која е закажана за вторник ,23 март 2021 година, во Врање, Република Србија, информира Македонската асоцијација на новинари (МАН).
-Сто медиумски работници доброволно се пријавија на повикот на МАН да се заштитат со вакцинација против вирусот Ковид-19 и сите пријавени добија повратни email потврди дека се регистрирани за вакцинација.
Деталите за организираниот автобуски превоз (време и место на поаѓање и враќање од Скопје до Врање и назад) официјално ќе ги доставиме утре претпладне, велат од МАН.
На барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, додаваат, ни одобри вакцинација и ревакцинација за 100 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: ССК