Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 23 август покажуваат дека как 80,1% од починатите поради компликации од Ковид-19 во Македонија се регистрирани коморбидитети
“Регистрирани се 568 смртни случаи (Лт = 4,2%).
Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54).
Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=418) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 103,6/100.000 жители.
Регистрирани се 360 смртни случаи кај лица од машки и 208 кај лица од женски пол.
Од починатите, кај 455 (80,1%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=348), дијабет (n=162) и белодробна болест (n=83).
Регистрирани се три смртни случаи кај бремени жени и пет смртни случаи кај здравствени работници“, стои во извештај на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
36 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница
Фото: МЗ