еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владејачките партии не го чекаат мислењето на Венецијанската комисија: Собранието го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците

Собранието на 114-тата седница го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците.

Во текот на расправата пратениците од опозицијата побараа оваа точка да се одложи на неопределено време се до добивањето на финалната верзија на извештајот на Венецијанската комисија заради, како што релкоа, поврзаноста на ова законско решение со Законот за употреба на јазиците. Тие укажаа дека Венецијанската комисија има забелешки на Законот за јазици и додадоа дека не треба на брзина да се носат законски решенија кои имаат сериозни последици за сите.

За владејачките партии Законот за Инспекторат за употреба на јазиците се донесува со цел надзор врз примената на Законот за употребата на јазиците и со него се гарантира рамноправност, еднаквост и непристрасност при примена на инспекцискиот надзор, како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата побарала одложување на мислењето на Венецијанската комисија за да ги анализира драфт-забелешките

Потребно е и Бадентерово мнозинство: Во Собрание тешко ќе се имплементираат забелешките на Венецијанската комисија за Законот за јазици

Венецијанската комисија најде куп забелешки на Закон за јазици кој е изгласан во Собранието

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дополнителни термини за вакцинирање на лица од 73 и 74 години во А1 СЦ „Борис Трајковски“

Редакција

Сончево и топло и во наредните денови, повремено со пороен дожд и грмежи

Редакција

Од Ковид-19 починале 24 лица, најмладите на 39-годишна возраст

Редакција