еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Мицкоски се приклучи на акцијата „Нахрани 10.000“ и донираше храна за загрозените семејства

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се приклучи на акцијата „Нахрани 10.000“ и донираше храна за социјално загрозените семејства.

„Прекрасно изненадување на нашиот пункт во Драчево каде нѐ посети г-дин Христијан Мицкоски кој се вклучи во нашата акција „Нахрани 10.000“ и донираше храна за социјално загрозените семејства од нашата татковина.

Искрено се надевам дека и сите останати политичари ќе се вклучат во оваа акција и дека ќе собереме храна за 100.000“, напиша на Фејсбук, Отец Оливер Петров од Хуманитарната организација „Св.Спас“.

Апел до политичарите, направете се да нема гладни луѓе во државата!!! Според Државниот завод за статистика, повеќе од 400.000 граѓани може да си обезбедат само еден оброк дневно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Донаторска акција „Нахрани 10.000“: Целта е да се соберат 10 тони храна за 10.000 социјално загрозени граѓани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Макпетрол“ донира новогодишни подароци за дечињата од куќата „Верна“ во СОС Детско Село

Редакција

dm дрогерие маркт донира над еден милион денари во медицинска опрема за гинеколошкиот оддел при клиниката за радиотерапија и онкологија

Редакција

Еко скутер инстант лоз недобитен, во сабота ќе донесе некому BMW X1

Редакција