еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Од Центарот за култура од Тетово биле презафатени да информираат дека „Танец“ гостува, салата полупразна

Граѓаните на Тетово останаа неинформирни дека во градот вчера гостуваше најпознатиот национален ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“. Локалните медиуми и новинари не беа известени и затоа немаше најава за настанот.

Малкутемина посетители на социјалните мрежи споделија информација дека за настапот разбрале случајно кога виделе информативен постер залепен на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“.

Од Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ кратко соопштија дека биле презафатени за да ги информираат новинарите.

Ансамблот „Танец“ гостувал по повод големиот јубилеј – 70 години од постоењето. Од таму информираа дека настапиле со целиот ансамбл составен од играорниот кор и вокално-инструменталниот состав.

МИА/Фото: Танец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дебакл на Меркел за македонското прашање: Проширувањето на ЕУ преоѓа во рацете на Португалија, па на Словенија…

Редакција

Град Скопје: Носете маски и ракавици ако се возите во автобус

Редакција

(Видео) Ѓорѓе Давид сака да се сретне со сопругот на жената што ја прегази

Редакција