еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таткото на Боки 13 за напад на попот Стојчев доби затворска казна од шест месеци

Таткото на Бојан Јовановски – Боки 13, Миле Јовановски е осуден на затворска казна од шест месеци за физички напад на попот Виктор Стојчев.

Јовановски кој пред неколку дена призна вина, денеска не беше присутен во судот да ја слушне пресудата.

Според обвинението, Јовановски во јануари 2017 година физички го нападнал Стојчев по расправија за паркинг место, по што му нанел физички повреди.

Тој беше обвинет за кривичното дело „Тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 од Кривичниот Законик.

Јовановски е осомничен и за случајот „Рекет“, во кој првообвинет е неговиот син.

Фото: Боки 13/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Канческа Милевска и Талески на суд: Нови рочишта за „Тендери“ и „Транспортер“ на СЈО

Редакција

Илина Арсова постигна огромен успех: На Антартикот ја заокружи мисијата да ги искачи највисоките врвови на сите континенти

Редакција

Во Тетово се намалува бројот на новозаразени, вакцинација причина за подобрување на состојбата

Редакција