Истрагата на вооружените сили на Иран за уривањето на украинскиот патнички авион покажала дека инцидентот бил предизвикан поради ненамерна човечка грешка.
Иранскиот претседател Хасан Рохани на Твитер напиша дека падот на авион се должи на непростлива грешка.
„Тажен ден. Првичните заклучоци на внатрешната истрага на вооружените сили покажуваат дека човечка грешка во време на криза предизвикана од авантуризмот на САД доведе до катастрофа“, напиша на Твитер иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф.
Иран прво ги отфрли гласините дека падот на украинскиот авион со 176 патници се должи на ракетен напад. Но, потоа во јавноста се појави видео на кое се гледа како ракета удира во авионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Њујорк тајмс објави снимка од ракетниот напад врз соборениот украински авион во Иран
Иран: Нелогични се гласините дека украинскиот авион бил погоден со ракета
Украинскиот авион по грешка бил урнат со иранска ракета, тврдат американските власти