Поранешниот вработен во Централниот регистар, Емил Јакимовски кој изминатиов викенд упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска е приведен и во моментов со него се води разговор во полициска станица.
Тој бил приведен поради пријава против него за семејно насилство и полицијата соработува со Основно јавно обвинителство – Скопје.
Освен новинарките Јордановска и Коровешовска во јавноста потоа се откри дека тој упатувал заканувачки пораки и кон градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев како и кон директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска – Јанковски, која му врачи отказ на Јакимовски поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Централниот регистар ги осуди заканите на нивен вработен кон новинарката Мери Јордановска