еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) “Ла верита“ тврди дека Заев со брат му е вмешан во купопраджба на гласови, екс премиерот вели дека нема докази

Италијанскиот весник „Ла верита“ кој на македонската јавност и стана познат по објавувањето на аудио и видео снимки за случајот “Рекет“, денеска тврди дека поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев и неговиот брат Вице се вмешани во купопродажба на гласови.

Во видео прилогот на весникот се објавени документи и тврдења за Заев, кои според „Ла верита“, покажуваат дека тој за време на изборите во 2014 година во Струмица купувал гласови преку ангажирање градежна механизација и локалната администрација.

„По месеци работа и прегледување на стотици документи, проверувајќи ја автентичноста на фактите и обезбедувајќи ја максималната сигурност на изворите, може да продолжиме со објавување документи во три дела што инсинуираат дела за корупција и активности поврзани со изборни измами од страна на Заев.

Тој за време на парламентарните избори во 2014, како претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, според наведеното во документацијата, бил замешан во купопродажба на гласови во која исто така учествувал и брат му Вице Заев“, објави весникот.

Од „Ла верита“ велат дека документите се обезбедени врз основа на посебни истражни мерки за што во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција имало и кривична пријава со број 50/16, која никогаш не е процесуирана, но не е застарена.

Во видеото на „Ла Верита“ се објавени и делови од материјали (види фото), кои наводно се поврзани со купување гласови на граѓани.

Заев: Да има докази ќе ме осудеа

„Ако имале какви било докази, верувајте во 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ Заев ќе го осуделе. Значи тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше.

Таму каде што се трудеа тоа да го претстават пред јавноста еве до крај со обвинителни акти за поткуп, за сите тие други предмети што ги водеа против мене, како што беше прислушувањето и слично, овде немаа ништо, беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат што било, каков било наратив да поднесат дури обвинение”, изјави Заев за пишувањата на „Ла верита“. 

Фото: Влада/Ла верита

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Кристал 1923„ дупло го зголеми надоместокот на неизвршните членови на Одборот на директори

Редакција

Хрватскиот државен обвинител поднесе оставка бидејќи бил масон

Редакција

МВР и ЗНМ со Протокол за безбедност на новинарите на интернет

Редакција