еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонската државјанка која беше во карантин во Франција нема коронавирус и е вратена во Македонија

Македонската државјанка, која со посредство на амбасадите на Република Северна Македонија во Пекинг и Париз, беше евакуирана од кинескиот град Вухан и помина 14 дена во карантин во Франција се наоѓа во одлична здравствена состојба и поседува соодветен сертификат дека не е инфицирана со коронавирусот.

Во координација со амбасадите во Париз и Софија, успешно е спроведена постапката за нејзино враќање во земјава и во моментот се наоѓа во Македонија, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).

Македонскиот државјанин, кој има коронавирус и е хоспитализиран во болница во Јапонија, посочуваат од МНР, се чувствува добро и е во стабилна здравствена состојба, а Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио е во постојан контакт со него.

Од МНР истакнуваат дека Амбасадата редовно комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои во моментот се наоѓаат во карантин во крузерот „Diamond Princess” во пристаништето во јапонскиот град Јокохама и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и дека досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Се што треба да знаете за коронавирусот: Едукативно видео на Светската здравствена организација

Суперпренесувачи го шират коронавирусот низ светот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14 лица од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале надвор од Македонија

Редакција

Сашо Мијалков нуди гаранција од милион евра за да излезе од притвор

Редакција

Универзитетот „Мајка Тереза“ склучи договор со “Еуровиа„ вреден 1,4 милион евра

Редакција