еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На Инфективна клиника се врши тестирање за корона вирус на патник кој слетал од Милано

Министерството за здравство информираше дека на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање за корона вирус на едно лице со симптоми на грип.

„Пациентот има лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Се работи за лице кое денеска со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест.

И самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, а во моментов кај него се прават тестови согласно утврдениот протокол,“ се вели во соопштението на Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изолациски центри за сомнителни случаи од корона вирус ќе има и во Велес и Гостивар, ќе ги обезбедува полиција

Превенција од коронавирусот: Маски за еднократна употреба, кои се најевтини, НЕМА

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И познатите имаат дислексија

Редакција

Почина новинарот Трајче Јованов, кој голем дел од кариерата ја посвети на „Макфест“

Редакција

Демократски сојуз бара Бугарија да ги спроведува заклучоците на Советот на Европа за македонското малцинство

Редакција