Двајца членови на семејството на заразената лекарка, директорка на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска се во домашна изолација, како и сите 64 вработени на Клиниката, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Во домашна изолација се и 11 пациенти кои се лекувале на клиниката и 13 пациенти кои примале терапија во дневната болница на истата клиника.
Во домашна изолација се и оние 103 лица кои присуствувале на конференцијата на дерматовенеролозите на кои Цаца Биљановска предевала.
На конференцијата имало и три лица од Грција за што Филипче го известил грчкиот министер за здравство.
Во моментов на Клиниката за инфективни болести се испитуваат осум пациенти, двајца сопружници кои биле во Бугарија, македонски државјанин, кој допатувал од Сингапур, четворица од фамилијата на еден пациент од Дебар и еден пациент од Гевгелија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неколку лекарки од Штип во домашна изолација, биле во контакт со заразената директорка
Директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска ќе биде разрешена во прва прилика
Заразената директорка викендов држела предавање на колеги, била во контакт со над 300 лица
Црно ни се пишува кога лекарка не ги почитувала препораките за корона вирусот