Актерот Том Хенкс и неговата сопруга, актерката Рита Вилсон се заболени од корона вирусот, објави Си-ен-ен.
Хенкс соопштил дека тој и неговата сопруга биле во Австралија кога биле тестирани откако покажале симптоми на замор, болки во телото, треска и грозница.
„И сега, што понатаму? Здравствените власти имаат протоколи што мора да се следат. Ние, Хенксови, ќе бидеме тестирани, набљудувани и изолирани онолку долго колку што бара јавното здравје и безбедност“, напиша Хенкс на својот Инстаграм профил.
Актерот бил во Австралија за да работи на претпродукција на филм за пејачот Елвис Присли.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?
(Фото) Информирајте се правилно: Митови и вистини за корона вирусот
И црквата повика да се почитуваат мерките за превенција од корона вирусот
Фото: Hello magazine