еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети: Би прифатиле одложување на изборите заради коронавирусот

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска преку соопштение најави дека партиски приоритет е јавното здравје и справување со коронавирусот, и оти би прифатиле одложување на изборите и кампањата.

-Апсолутен приоритет на секој од нас, особено ние што сме во јавна служба, е граѓанинот и јавното здравје. Изборите и кампањата се последни во агендата на нашите приоритети, затоа што сите наши човечки, интелектуални и институционални капацитети ги ставивме на располагање на победа во заедничката борба против вирусот, посочува Ахмети.

Сега, додава, ни треба да го победиме вирусот, а не победа на изборите.

-Со изборите и кампањата ќе се занимаваме откако ќе ја победиме ова закана спрема сите нас и заедно Ве уверувам дека ќе го издвојиме победа. Ние сме потполно посветени во адресирање на ситуацијата со Ковид-19 и да им помогнеме на нашите граѓани, на лекарите и економијата. Здравјето пред се!, стои во соопштението од ДУИ.

МИА/Фото: Фејсбук/Ахмети

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре лидерска кај Пендаровски за одложување на изборите

Заев: Ќе побараме одложување на изборите

Мицкоски на Фејсбук повика на одложување на изборите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петмина починати од Ковид-19, најмладиот на 39-годишна возраст

Редакција

Спасени изгубени и дехидрирани велосипедисти во пределот на село Кожле

Редакција

78% од хоспитализираните со Ковид-19 од август до ноември не биле вакцинирани

Редакција