Шефот на Клиничкиот болничкиот центар Ребро во Загреб, Анте Ќорушиќ изјави дека дел од лекарите кои се заразија со новиот коронавирус биле на скијање во Австрија, а по враќањето тоа го сокриле.
„Ќе бидат санкционирани. Досега тројца се заразени, уште една личност ги чека резултатите од тестот. Три проценти од вработените во Ребро сега се во изолација, тоа се 140 лица. Тоа се случи поради неодговорност“, рече Ќорушиќ за Н1 Телевизија.
Тој додаде дека сите би биле во изолација доколку се знаело дека биле на скијање во Австрија.
„Епидемиолошкиот мониторинг на клиниката е завршен, знаеме дека вирусот е увезен од надвор поради заминување на викенд во Австрија што не било навремено соопштено на управата и од каде дел од колегите се вратиле, продолжиле со работа и сокриле дека биле во Австрија.
Апелираме на одговорност на граѓаните, на самоконтрола во однесување, а тоа посебно важи за лекарите“, изјави директорот на КБЦ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 31: Пет нови случаи заболени со корона вирусот, помеѓу нив и медицинскиот персонал од Дебар
Четврти случај на коронавирус: Заболена директорката на Клиниката за кожни болести