еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како да обезбедите дневни дозволи за работа по 21 часот

Согласно последните насоки на Владата, ја известуваме јавноста дека Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење, информираат од Министерството.

“Дозволите се издаваат за вработените во органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства, а не можат да ги прилагодат според периодот на забраната за движење, како и за вработените во здраствените организации (вклучително и приватните) и општинските кризни штабови.

Органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства и општинските кризни штабови треба да достават неделни распореди за вработените за кои се потребни дозволите за движење, како и табела со следните податоци за вработените: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата.

Општинските кризни штабови доставуваат податоци преку Заедницата на единици на локални самоуправи (ЗЕЛС) до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: [email protected].

Податоците потребно е да ги достават секој ден-недела најдоцна до 12.00 часот, за наредната работна седмица. Пријавата се доставува до МИОА на меил адресата: [email protected]“, велат од таму.

За вработените во здраствените организации (вклучително и приватните), здравствените организации треба да се достават податоци за сите вработени лица: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон и е-mail. Пријавата се доставува до МИОА на меил адресата: [email protected], велат од Министерството.

МИОА е задолжено и да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење и за медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот (фотографи, камермани и останат технички персонал), пекарите/бурекџилниците и погребалните претпријатија.

“За медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот (фотографи, камермани и останат технички персонал) се потребни следните информации:

– име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата.

Оваа информација е потребна за секоја работна недела поединечно“, велат од таму.

Образецот е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на следната меил адресата: [email protected] најдоцна до денес (23.03.2020 година) до 17:00 часот за тековната работна недела (заклучно со 29.03.2020 година), велат од Министерството.

“За останатите работни седмици потребно е информациите да се достават секој ден недела најдоцна до 12 часот, за наредната работна седмица.

За медиумските работници и другите вработени во медиуми кои извршуваат работни задачи во просториите на самиот медиум во период на ноќна работа (периодот меѓу 21,00 часот и 6,00 часот наредниот ден), работодавачот е потребно да го извести Државниот инспекторат за труд и на овие вработени им издава потврда во рамки на самата организација.

Дозволите ќе се издаваат на сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на ААВМУ (Регистар на печатени медиуми /Регистар на телевизии / Регистар на радија), како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми)“, велат од таму.

За пекарите/бурекџилниците се потребни следните информации:

– тековна состојба за правното лице, не постара од 6 месеци

– фотографија од објектот во кој се врши дејноста

– име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата.

Образецот, заедно со скенирана тековна состојба и фотографија од објектот е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: [email protected], велат од Министерството.

За погребалните правни лица се потребни следните информации:

– име и презиме, матичен број, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата.

Оваа информација е потребна за секоја работна седмица поединечно.

Образецот е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: [email protected] најдоцна до денес (23.03.2020 година) до 17:00 часот за тековната работна недела (заклучно со 29.03.2020 година), велат од Министерството.

“За останатите работни седмици потребно е да ги достават секој ден недела најдоцна до 12 часот, за наредната работната седмица.

Сите погоре споменати правни лица потребно е веднаш да го известат Министерството за информатичко општество и администрација во случај на промени на неделните распореди на меил адресата: [email protected]“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Помалку заразени од Луксембург: Го стави ли Русија корона вирусот под контрола?

Кој и каде ќе може да се тестира: Од денеска 14 пунктови за тестирање за коронавирус

(Фото) Автобуси преполни се луѓе: Јавниот превоз закана за ширење на корона вирусот?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет нови случаи на Ковид-19 од 2.531 тестирања, бројката на активни изнесува 141

Редакција

Проф. Трајковски: „Eфективноста на вакцините против смртен исход, сé уште не покажува знаци на намалување“

Редакција

На Јанева и Боки 13 и членови на нивните семејства ќе им биде конфискуван имот

Редакција