Тројца припадници на Министерството за внатрешни работи се заболени од коронавирусот. Едниот е полициски службеник во ПС – Бит пазар, вториот е од крим техника и третото лице, кое е денеска потврдено, е од оддел за јавни набавки во Министерството за внатрешни работи, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во емисијата Топ тема на телевизија Телма, кој рече дека тие се на болничко лекување и дека не станува збор за лица кои работат на терен.
Со сите лица кои биле во контакт со заболените извршен е разговор и дел од нив се тестираат и од досега тестираните, Чулев рече дека ниту едно не е докажано дека е позитивно на Ковид-19.
Додаде дека со решение сите се во самоизолација, а денеска во координација со Министерство за здравство извршено е интервју од епидемиолог и дезинфекција на просториите во Министерството за внатрешни работи.
Претходно, при утврдување на присуство на коронавирусот кај лицето од ПС – Бит пазар, е направена целосна дезинфекција и ПС нормално функционира.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмладиот пациент заболен од коронавирусот во Македонија е двегодишно дете од Скопје