еМагазин
Image default
Бизнис

Патничките возови нема да сообраќаат за викенд

ЖРСМ Транспорт АД Скопје информира дека, согласно Одлука на Владата со која ограниченото движење во деновите на викендот (сабота и недела) ќе започнува во 16 часот и ќе трае до 05 часот следниот ден, се врши и времена измена во возниот ред со тоа што патничките возови во деновите за викенд (сабота и недела ) нема да сообраќаат.

„Исклучок од ова ќе бидат само возовите, 661 од Кичево и 645 од Велес, кои во сабота наутро пристигнуваат во Скопје, откако ке преспијат во наведените градови, и кои ќе сообраќаат по возниот ред од 23 март.

Исто така ги известуваме патниците дека во понеделник 30 март, возот 661 од Кичево нема да сообраќа, бидејки претходната вечер нема да одпатува воз поради полицискиот час.

Останатите возови, од понеделник, во текот на работните денови, ќе сообраќаат по возниот ред објавен на 23 март,“ информираат од Железница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сметководители заболени од коронавирусот, фелата бара итни мерки за заштита од Владата

Не сите граѓани и фирми ќе добијат одложено плаќање на кредитите, велат од банките

Кои фирми ќе бидат ослободени од персоналец и данок на добивка за март, април и мај

Владата донесе уредба за одложено плаќање на кредитите, на ред се банките

Фото: Железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за вработување склучи договор со Семос компјутерски образовен центар вреден 987,9 илјади евра

Редакција

Годишен раст од 7,2% на депозитите и од 6,4% на кредитите

Редакција

Намалена добивката на „Еуролинк осигурување“ во 2019 година

Редакција