Според последните податоци, објавен вчера, во Македонија има 285 заболени лица со коронавирусот.
“Од пријавените случаи, 23,5% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (65,3%), температура (64,8%), слабост (34,7%), главоболка (24,9%), треска (22,8%) и болка во грло (19,7%), а 86 лица се/биле без изразени симптоми.
Во однос на коморбидитети, кај 67 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 51 лица имаат кардиоваскуларна болест, 12 лица се со хронична белодробна болест, 11 со дијабет, 4 со хронична бубрежна болест и 8 со други хронични болести“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Раст: 40 случаи од заболените со коронавирусот во Македонија се импортирани од надвор
Голем раст на бројот на здравствени работници заболени со коронавирусот
Сите детали: 17 лица од новозаболените имале контакт со постоечки случаи, а 3 неодамна патувале
Расте бројот на заболени со коронавирусот по скопските општини, како изгледа мапата