Вкупниот број на заболени лица со коронавирусот во Македонија продолжува да расте, а во секојдневен пораст е и бројот на заболени здравствени работници.
“Регистрирани се 52 случаи на заболување меѓу здравствени работници. Од овој број, 34 се заболени во болнички/амбулантски услови“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје.
Пред неколку дена овој број беше 41.
Вчера беше соопштено дека со вирусот се заразиле 11 здравствени лица од болницата во Куманово, но и медицински техничар од Инфективната клиника во Скопје, каде се сместени пациентите заболени со коронавирусот.
Познато, официјално, е дека позитивни на коронавирусот се здравствени работници од болници во Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кај 108 лица од заболените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби
Како се движи кумулативната инциденца спордено со Дебар: Куманово се поблиску до карантин
Во Скопје 208 лица заболени со коронавирусот, како изгледа мапата по скопските општини