На македонските банкари не им се допадна идејата да ги укинат или да ги намалат каматите за кредитите и другите обврски на граѓаните во нивните понуди за олеснување на кредитните услови за време на кризата предизвикана од корона вирусот.
Главното образложение за тоа е дека „парите имаат цена“ која мора да се плати. Но, при тоа заборавија да кажат дека има драстични разлики во цената односно каматата што ја наплаќаат за издавање кредити и што ја даваат за штедните влогови.
Имено, според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,67% во февруари, а просечната каматна стапка на вкупните депозити (штедни влогови) на домаќинствата изнесува 1,15%.
Ваквите големи разлики во „цената на парите“ при издавањето кредити и примањето штедни влогови со години наназад им овозможи на банките да прават огромни профити.
Сега, кога нашата земја е во криза која лесно може да прерасне во долгорочна рецесија за очекување е дека токму тие ќе понесат дел од товарот. Односно, дека ќе најдат сили барем да ги намалат каматите за време грејс-периодот на отплата за граѓаните кои ќе се најдат во финансиски потешкотии.
Во спротивно, доколку продолжат да ги наплаќаат истите каматите тоа не е ништо друго туку печалење за време на пандемија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Корона-каматите“ треба да се изучуваат како пример за општествена неправда
Спасовски: Владата очекува солидарност од банките, доколку ја нема тоа ќе се дефинира со уредба
Детален преглед: Банките решија да наплаќаат камати на „корона кризата“
Детален преглед: Банките земаат „дебели“ надоместоци од плаќањето со картици