еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 53 случаи на заразени од корона вирусот, вкупно 483: Пет починати

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени од коронавирус и тоа 71-годишна жена од струшкото село Лабуништа (Струга) и 77-годишен маж од Куманово кои беа хоспитализирани во исклучително тешка состојба, информираат од Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје информира за уште два смртни случаја, жител на Велес кој почина пред неколку дена, а неговиот позитивен резултат е докажан постмортем и странски државјанин кој живеел во Скопје четири месеци.

Од Министерството потсетуваат и дека пациентот од Куманово, кој почина на 2 април на Инфективната клиника, а чиј позитивен резултат на Ковид – 19 беше потврден вчера попладне, како случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на Институтот за јавно здравје ќе биде, исто така, евидентиран во денешниот извештај.

Со ова, во денешната статистика се евидентирани пет починати лица од Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откако имале контакт со заразена пациентка: Во самоизолација 14 медицински лица во Штип

Вработена во Поликлиниката Чаир позитивна на корона вирусoт, извршена дезинфекција на објектот

Во Скопје 208 лица заболени со коронавирусот, како изгледа мапата по скопските општини

Позитивни на корона вирусот инфектолог во Прилеп и вработен во фабриката „Гентерм“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанка предизвикала сообраќаен „карамбол“: Удрила во полициски автомобил, во запрено возило и повредила полицаец

Редакција

Засега нема информации за повредени или загинати наши државјани во железничката несреќа во Грција, велат од МНР

Редакција

Убава вест: Оздравеа уште 33 нови пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега 1.836

Редакција