еМагазин
Image default
Македонија

МЗ: Заштитна опрема за здравствените работници има доволно, во тек е набавка на дополнителни количини

Министерството за здравство повторно информира дека има доволно опрема во резервите на Министерството кои се доставуваат на редовна основа по барање на секоја здравствена установа.

„Заради проверка на користењето на заштитната опрема од страна на Министерството за здравство беше инициран и инспекциски надзор кој е спроведен од 30-ти март до 5-ти април во 79 јавно-здравствени установи и во 12 во приватни установи.

Направен е увид во однос на опременоста, количината на заштитни маски, ракавици, капи, мантили за еднократна употреба, визири и калјачи, сè  што се користи за пристап кон пациенти на соодветно ниво на здравствена заштита. Констатирани се доволни количини, како и средства за дезинфекција на работни површини и дезинфициенци за раце,“ велат од Министерство за здравство.

При инспекциските надзори од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат не се констатирани неправилности по однос на користење на личната заштитна опрема од страна на здравствениот персонал.

„Дополнително на опремата која ја има Министерството за здравство, добиени се донации во заштитна опрема и тоа во големи количини – повеќе од еден милион парчиња заштитна опрема од различен вид.

Дополнително во тек е набавка за дополнување на овие количини за што е распишана покана за јавна набавка објавена на веб страницата на Министерството за здравство и тоа за: 12.000 маски N95 или сличен стандард, 20.000 скафандери, 500.000 хируршки маски, 5.000 визири и 1.200 гумени скафандери,“ додаваат од Министерство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 760 заразени со корона вирусот: Регистрирани 49 нови случаи, најмногу во Скопје и Куманово

Двајца пациенти од Куманово и Прилеп починаа од корона вирусот

Драстичен раст: 95 здравствени работници заболени од коронавирусот во Македонија

(Графикон) 81 случаи од заболените од коронавирусот во Македонија се импортирани

Македонец со сведоштво од Шведска: Зошто се лабави мерките за ширење на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Сали и поглаварите на верските заедници со апел: Вакцинацијата е најдобра заштита од Ковид-19

Редакција

Државна ревизија: Електронските алки за следење на притворот не се активни

Редакција

Најмладиот на 45-годишна возраст: Починати осум лица од Ковид-19

Редакција