еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Следете во живо): „Еден свет, заедно дома“: Светската музичка елита ќе пее за здравствените работници

На виртуелен концерт, кој по македонско време започнува во 20 часот денеска светската музичка елита и најпознатите ликови од шоу бизнисот ќе им се заблагодарат на здравствените работници низ светот, кои се во првите „борбени редови“ во битката со коронавирусот, на пожарникарите, вработените во супермаркетите, полицајците, работниците…

Ќе настапат Лејди Гага, со чија соработка е организиран концертот, Џенифер Лопез, Опра Винфри, Џон Леџенд, Тејлор Свифт, Алиша Кис, Били Ајлиш, Ролинг Стоунс, Камила Кабејо, Селин Дион, Дејвид Бекам, Елен Деџенерес, Елтон Џон, Идриз Елба, Ј Балвин, Малума, Пол Макартни

Концертот е организиран од Глобал Ситизен и Светската здравствена организација (СЗО).

“Целта на настанот е да послужи како извор на сплотеност и охрабрување во текот на глобалната битка со Ковид-19. Преку музиката, забавата и влијанието, ѕвездите ќе ја прослават работата на луѓето кои го ризикуваат своето здравје за да помогнат на другите“, изјави Хју Еванс, ко-основач и CEO на Global Citizen.

Концертот има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат донирани за заштитна опрема за здравствените работници во најпогодените земји.

Концертот можете да го следете ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР и Одбрана ќе одлучат дали рускиот министер Лавров ќе дојде во Македонија

Редакција

Истражување: Населението е во голема опасност, поради недостаток од Д витамин

Редакција

Бара отпочнување на преговори со Македонија: Словенија со со свој предлог за забрзување на проширувањето кон Западен Балкан

Редакција