еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двете новопочинати лица од коронавирусот во Македонија имале претходни заболувања

Од Министерството за здравство вчера информира дека починале уште две лица заразени од корона вирусот.

„Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 3 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба“, соопшти Министерството.

Со оваа вкупниот број на починати од вирусот во Македонија се искачи на 61.

Детали за починатите соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Кај починатите лица биле присутни симптоми и коморбидитети и истите биле хоспитализирани.

Немале историја на патување и не биле во контакт со веќе потврден случај во државата“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 227: Само 1 новозаболен здравствен работник со коронавирусот во Македонија

Кардиоваскуларна болест имаат најголем дел од заболените од Ковид-19 во Македонија

Нов национален рекорд: Во Куманово 260 заболени од коронавирусот на 100.000 жители

Повеќе мажи, најмногу над 60 години, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Русите влегоа во Киев, се води војна на улиците во градот

Редакција

Кога Турција ќе го ратификува Протоколот: Ќе стане ли Фето услов за НАТО?

Редакција

Британска лекарка плачеше додека читаше порака од палестински колега, видео кое го обиколи светот

Редакција