Според последните податоци, објавени вчера, во Македонија се регистрирани 1.494 случаи на заболени од коронавирусот.
“Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,1%), кашлица (53,5%), малаксаност (34,9%), треска (19,1%), главоболка (16,5%), болка во грло (15,6%) и отежнато дишење (14,8%).
Кај 500 или 34,1% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од нив, 357 или 71,4% имале контакт со веќе потврден случај во државата“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно со 29.април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчестите претходни заболувања кај пациентите со коронавирус во Македонија
Повеќе мажи, со претходни заболувања: Детали за починатите од коронавирусот во Македонија
Фото: Факултет за ветеринарна медица