еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Галерија) На ручек разделени со плексиглас: Рестораните и кафулињата во Скопје се подготвуваат за отварање

Нема официјални информации кога и како угостителите во Македонија ќе продолжат со работа, но тие полека се подготвуваат за новиот старт, кој се очекува да се случи месецов.

Угостителскиот сектор е еден од најпогодените од „корона-кризата“, и угостителите со кои разговараше еМагазин не се големи оптимисти дека и реотварањето, ќе им помогне многу, но се е добредојдено.

Пред се поради тоа што сигурно ќе опслужуваат многу помал број на гости, најверојатно ќе работат со ограничено време, но и за почеток ќе можат за гости да ги користат само отворените тераси.

Според нивните информации, се очекува рестораните, гостилниците, кафаните и кафулињата да почнат со работа на 11 мај, но официјална потврда за тоа нема.

Освен дека масите сигурно ќе бидат одалечени до 2 метри, не е познато и до колку часот ќе работат. Некои од нив велат дека до 18, некои до 22 часот. И за оваа информација нема официјална информација.

Не е познато ни како ќе изгледа најавениот протокол за нивното реотварање, меѓудругото и по колку возрасни лица ќе можат да седат на една маса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Главниот град на Литванија стана големо кафуле на отворено, а аеродромот во Вилнус драјв-ин кино

еМагазин денеска направи обиколка на најпознатите скопски ресторани и гостилници во Дебар маало.

Онаа што забележавме е дека дел од рестораните веќе тестираат како ќе изгледат нивните отворени тераси со помалку маси, но и разделени со плексиглас за дополнителна безбедност, во некои се работи на поправки, во некои не се случува ништо…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пивара Скопје инвестираше дополнителни 10,7 милиони евра во модернизација на производството и одржлив развој

Редакција

Европратеници ќе испитуваат како Бугарија ги троши европските пари

Редакција

Поевтино и порелаксирано пазарење со клуб картичката на Рептил

Редакција