еМагазин
Image default
Македонија

Македонскиот јазик е “регионална норма на бугарскиот јазик“, стои во нова книга на Бугарската академија на науките

Поддршката за европска интеграција на Република Северна Македонија не може да биде на штета на бугарските историја и јазик, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев на средба со првите луѓе на Бугарската академија на науките (БАН), Јулијан Ревалски и Васил Николов.

Како што соопшти прес-службата на бугарскиот претседател, на средба станало збор за објавената книга на БАН, „За официјалниот јазик на Република Северна Македонија“, при што Радев „го пофалил придонесот на научната заедница во Бугарија во заштитата на бугарскиот јазик и историската вистина“.

Книгата е дело на тим од 12 лингвисти и историчари, како и на консултанти од БАН, софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски “, Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ и Универзитетот во Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“.

– Книгата го проучува јазикот што се користи во нашиот југозападен сосед врз чисто научен, а не врз политички план, и не се осврнува на прашањето за национално самоопределување на граѓаните на Република Северна Македонија, бидејќи тоа е длабоко личен чин за секој човек, изјавил на средбата потпретседателот на БАН, Васил Николов.

Во соопштението се посочува дека претставниците на БАН нагласиле дека: „научните норми категорично го дефинираат службениот јазик во Република Северна Македонија како пишана регионална норма на бугарскиот јазик“.

Според нив, „тврдењата за вековен континуитет на македонскиот јазик се во спротивност со фактите се јавно познати политичкиот декрет усвоен во август 1944 година во манастирот Прохор Пчински, како и мотивите за создавањето на јазикот“.

– Неприфатливи се и обидите за присвојување и фалсификување на средновековните бугарски споменици или на делата на бугарските преродбеници, како браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Григор Прличев и др., кои пишувале на бугарски јазик и се идентификувале себе си како Бугари.

Имајќи ја предвид јазичната блискост меѓу граѓаните на Бугарија и Република Северна Македонија, научниците повикаа билатералната културна и медиумска размена да не биде предмет на превод на внатрешен јазик, а делата на бугарските преродбеници, писатели и свештеници од Македонија да бидат објавени без манипулации и во оригинал во Република Северна Македонија, се додава во соопштението.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов можеби го признава македонскиот јазик, ама не и бугарската Влада и Собрание

Драги соседи, зошто ги дадовте моштите на Гоце Делчев ако бил Бугарин?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На судењето за „Меѓународен сојуз” се анализира телефонска комуникација на Боки 13

Редакција

„Скопје: Уапсена за рекет обвинителката за борба против организиран криминал“: Што објавија грчките медиуми за Јанева

Редакција

Ковачевски-Курти: Дијалогот е единствената алатка за решавање на отворени прашања, регионот заслужува да се движи напред

Редакција