еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Филипче: Да се донесе одлука да се даруваат органи во моментот кога го губите саканиот, е незамисливо тешко

На Клиниката за Државна Кардиохирургија во Скопје, по шест часа операција, во 2 часот по полноќ беше трансплантирано новото срце во телото на 54 годишниот пациент, информираат од Министерство за здравство.

„Трансплантацијата е успешна. Ова е голем ден за нас. Посебен по многу нешта. Би сакале најпрво да се заблагодариме на семејството на донорот. Да се донесе одлука да се даруваат органи во моментот кога го губите саканиот, е тешко. Незамисливо тешко.

Потребно е многу сила, многу љубов и многу хуманост да мислите на нечиј туѓ живот во моменти кога знаете дека сте го изгубиле најблискиот. И за ова сме им бескрајно благодарни. Тие се се хероите на оваа приказна.

Би сакал да им се заблагодарам на лекарите од јавното и приватно здравство, медицинските сестри, координаторите и сите оние кои тимски ја направија трансплантацијата. Ова е огромен успех за македонското здравство,“ порача министерот за здравство, Венко Филипче.

На експлантацијата работеа др. Марјан Шокаровски и др. Александар Колевски од Клиниката за државна кардиохирургија, др. Александар Николиќ од Аџибадем Систина, а од КАРИЛ анестезијата ја водеа др. Маја Мојсова Мијовска, др. Весна Дурнев и др. Билјана Андоновска.

Трансплантацијата на срцето ја работеа проф. др.Сашко Јовев и академик Жан Митрев заедно со др. Васил Папестиев, др. Марјан Шокаровски, др. Ванѓел Здравески, др. Кјутим Џелили, др. Тања Анѓушева, др. Никола Христов, др.Стефанија Хаџиевска, др. Надица Мехмедовиќ, др. Весна Миташова, др. Јасмина Илиевска, др. Марија Гераковска и др. Димче Славевски од Аџибадем Систина.

Првата трансплантација на срце во координација со Филипче ја започна и ја водеше Националниот координатор за трансплантација др. Маја Мојсова Мијовска. Таа со својот тим болнички координтори- др. Билјана Андоновска, др. Весна Дурнев и Адријана Георгиев од Министерството за здравство ја процесираа пациентката во мозочна смрт и ги направија сите лекарски, технички и административни подготовки за да се започне со трансплантацијата на срце и бубрези.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првата трансплантација на срце во Македонија успешна, огромен успех за македонското здравство

Од донорот на срцето, ќе се трансплантираат и два бубрега на Клиниката за урологија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не се констатирани недостатоци при лекувањето и третманот на шестгодишната Јана, велат од ДЗСИ

Редакција

Анѓушев: Со новата компанија РЕС ќе го смениме сегашниот концепт на снабдување со електрична енергија

Редакција

„Ахмети во сабота ќе каже дека гробот на Александар Македонски е во Зајас“: Твитер реакции за „изненадувањето“ на ДУИ

Редакција