Партиите на македонските Албанци на овие предвремени парламентарни избори, според конечните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) освоија 32 пратенички мандати, што е досега најголема бројка.
Имено ДУИ освои 15, Алијансата за Албанците заедно со Алтернатива освоија 12, Беса која е дел од коалицијата со СДСМ, „Можеме“, 4 и ДПА 1.
На претходните парламентарни избори во 2016 година партиите од т.н. албански блок имале вкупно 20 пратенички мандати.
ДУИ тогаш освоила 10, Беса имала 5, Алијансата за Албанците 3 и ДПА 2.
Најголемите македонски партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, пак бележат пад на пратеничките мандати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ „ќарила“, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ изгубиле пратенички мандати
Голем пад на поддршката: Каде исчезнаа илјадници гласови на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ?
Детален преглед: Какви се резултатите од гласањето по изборни единици?
Графика: ДИК/Википедија