еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Седумдесет годишна Прилепчанка за своето искуство со Ковид-19: Моето лекување беше едно од потешките

Седумдесет годишната Виолета Мирчевска од Прилеп три неделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација и било семејството кое ја охрабрувало да издржи и повторно цврсто да застане на нозе, пишува на својот Фејсбук профил, министерот за здравство, Венко Филипче.

„По една недела со симптоми на Ковид-19, бев хоспитализирана во инфективното одделение во Општата Болница во Прилеп. Моето лекување беше едно од потешките, бев ставена на кислородна поддршка и се чувствував многу лошо.

Во текот на целиот престој во болницата, медицинскиот персонал го даде својот максимум. Неуморно работеа за подобрување на мојата состојба. Без лекарите немаше да успеам да ја преживеам оваа битка.

Исклучително сум благодарна за грижата, но и за хигиената во установата, презадоволна сум од сѐ.

Голема мотивација ми беше семејството, децата, мојот брат и сопругот кои ја поминаа приказната заедно со мене. Упатувам апел до граѓаните да носиме маски, да се грижиме за нашата хигиена и да држиме растојание од 2 метра“, вели Виолета.

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Жив си затоа што имаш неквалитетни органи“: Твитер за наводните трговци со органи и сериски убиец во Скопје

Редакција

Бугарија ќе им плаќа на македонските Бугари да ја тужат Македонија

Редакција

Објавен оглас за вработување на 300 професионални војници, платата над 31.000 денари

Редакција