На денешната прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека не е решение бојкотирање на институциите на системот за одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за зголемување на цената на струјата.
“РКЕ е независно регулаторно тело. Одлуките ги носи на аргументации за цена на производителот на струја, преносен систем и ЕВН. Во делот на новата одлука, цената на учеството на ЕВН во цената на струјата е намалено за 1,10 отсто, зголемена е струјата на барање на ЕСМ (поранешен ЕЛЕМ) и МЕПСО, кое бараше 80 отсто зголемување.
Тоа апсолутно се должи на последиците од коронакризата и неповолната состојба со хидро акумулациите.
Некои сметаат дека вработени се причина за цената, тие луѓе работат таму во производство и пренос. Ако напрвите паралела имаме една од најевтините цени на струја во регионот, ако направите во однос на платите споредено, ние сме пак на најниско ниво.
Јас ги видов аргументите на РКЕ и мислам дека Парламентот не треба да посегнува по никакви одлуки за разрешување. Зголемувањето на цената е 100 или 150 денари, а создаваме покапацитетни државни институции“, рече Заев.