еМагазин
Image default
Македонија

Бугарскиот историчар Дечев: Македонскиот јазик е вештачки колку што се вештачки и другите

Темата „Македонија“ е завиена со многу романтика и митологија, но крајно време е бугарската страна да стави крај на своите тврдења за македонскиот јазик, вели Доц. Д-р Стефан Дечев, историчар и предавач на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“, за Блумберг ТВ Бугарија.

„Убедени сме дека македонската нација и процесот на нејзино создавање, и покрај сите специфики и особености, не се разликуваат од процесите на создавање на која било друга нација. Македонскиот јазик е вештачки јазик до степен до кој сите стандардизирани јазици на овој свет. Мора да се разбере дека дијалект е само дијалект – нема име.

Официјален јазик на една земја не може да биде дијалект. Додека не се разбере дека идентитетот на една нација е динамичен и не се пренесува генетски, какви било заеднички преговори меѓу Бугарија и Македонија ќе бидат непотребни и ќе доведат до ќорсокак “, вели тој.

Според Дечев, оние кои се против бугарско-македонското разбирање и го освојуваат електоратот со националистичка реторика се заинтересирани да го зголемат притисокот на Софија врз Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарскиот аналитичар Крастев: До вчера се боревме за отворање на ЕУ за Северна Македонија, денес сакаме да ги запреме

Бугарија повторно на погрешната страна на историјата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски нема да користи државна пензија, ќе работи како професор на Американ Колеџ

Редакција

Ако вакцинацијата продолжи со ова темпо, кон средината на октомври би имале пораст на колективниот имунитет, оцени Филипче

Редакција

Заев: Ни на памет не ни паѓа членство во Евроазиската економска унија

Редакција