„Пекабеско“ АД за периодот јануари-септември 2020 оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен биланс на успех во износ од 75,4 милиони денари и истиот е понизок за 29% во споредба со претходната година, соопшти компанијата преку Македонската берза.
„Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваат 3,3 милијарди денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат намалување од 9%.
Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,9%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2019 година бележат намалување од 9%.
Приходите од извоз изнесуваат 434 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 се помали за 8%
Остварените вкупни расходи во периодот јануари-септември 2020 година изнесуваат 3,2 милијарди денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат намалување за 9%“, соопшти компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колкави биле примањата на Слободан Кутревски и на менаџментот на Пекабеско лани
Пекабеско во „корона“ криза инвестирал 44 милиони денари
Пекабеско со добивка од 42,6 милиони денари во време на „корона“ криза