еМагазин
Image default
Македонија

Од Институтот за специјална едукација и рехабилитација сметаат дека е потребна длабинска анализа за реформи во основното образование

Членовите на Институтот за специјална едукација и рехабилитација одржале вонредна седница на која се расправало за Нацрт концепцијата за основно образование.

„Сметаме дека за клучните прашања од полето на образованието, како што е креирање на концепција, Министерството за образование и наука треба да бара мислење, ставови и изјаснување на ниво на цели Институти на Филозофскиот факултет, засеганти од конкретното прашање, а не поединци од одделни институти.

Водејќи се од богатството на студиски програми, можноста за мултидисциплонарен пристап и потребата од професионално делување на сите колеги во улога на членови на работни групи кои се вклучени во изготвување на важни национални документи, сметаме дека сите наставници
од Филозофскиот факултет треба да бидат доблесни и да ги консултираат колегите од другите институти кои имаат компетенции по одредено прашање.

За менување на концептот на основното образование сметаме дека треба да се направи подлабинска анализа, да се организираат јавни расправи и пилотирање на прифатените решенија, да се има во вид националниот контекст во кој се предвидуваат промените и да биде подготвена со однапред предвиден финансиски план, се со цел да се утврди издржливоста и релијабилноста на предвидените промени и реформи.

Сметаме дека за да се постигне интегрирање на наставните содржини, не е неопходно фузирање на наставните предмети. И во таа насока ги оправдуваме реакциите на колегите од Институтот за историја.

На истата седница, се согласивме дека проблемот, во суштина, е започнат многу порано кога академската заедница и Институтот за специјална едукација и рехабилитација како единствена акредитирана високообразовна институција (за прв, втор и трет циклус) во нашата држава која едуцира кадар од областа на инклузијата на учениците со пречки во развојот, не беше консултиран за активностите предвидени за инклузивното образование во 2018 година.

Поради тоа, сега сме доведени во ситуација организации од невладиниот сектор низ свои проектни активности да се обидуваат да прават промени во наставните програми на наставничките факултети, да креираат политики, да спроведуваат обуки за инклузија за наставниците од редовните училишта и имрповизираат во повеќе сегменти, што секако се одразува на квалитетот и крајните резултати од процесот на инклузија.

Поучени од овие искуства, сметаме дека и реализирањето на новата Концепција ќе се одвива во истата насока и релевантните институти нема да бидат вклучени во понатамошните фази од нејзиното спроведување, со што директно се загрозува квалитетот на целиот воспитно-образовен процес во нашата држава“, соопштија од Институтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Здруженијата на биолозите, хемичарите и физичарите во писмо до Царовска укажаа на низа проблеми во најавените реформи во образованието

Институт за филозофија: Потребно е повеќе време и сеопфатна научна анализа за реформите во образованието

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфективните одделенија се оптоварени, лекарите преморени: Реорганизација за напливот пациенти со корона вирусот

Редакција

Летово ќе се прави анализа дали против Ковид-19 во Македонија ќе се вакцинират и деца

Редакција

Починаа 24 лица од Ковид-19, вкупно до сега 3.388

Редакција