еМагазин
Image default
Бизнис

Трифун Костовски: Невистина е дека моето семејство учествувало во криминалот во Еуростандард банка

Почитувани оштетени штедачи, ги разбирам сите ваши пориви да бидете обесштетени од стечајот на Еуростандард Банка, напиша Трифун Костовски во неговата реакција на денешното соопштение на штедачите.

„Единствено не разбирам што на вашиот сајт објавувате невистини за учество на моето семејство во криминалот во Еуростандард Банка. Големо ЗОШТО? Дека сум тука и од петни жили се борам да дојдам до вистината? Вие сте ограбени, ама и јас сум ограбен.

Не доликува вашиот бес да го истурате на човек којшто најповеќе се бори за вас со цел да ви се вратат украдените пари.

Повторувам… вашите и моите украдени пари се тука во Македонија. Мене и моето семејство не ставате на отстрел само затоа што први испаднавме во борбата да докажеме дека е ова организиран криминал, не е чесно, ниту фер“, вели Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Врие“ меѓу штедачите на Еуростандард банка: „Се знаат виновниците за грабежот“

Трифун Костовски и Гале Галев заминуваат од Надзорниот одбор на Еуростандард банка

Промени во Надзорниот одбор на Еуростандард банка неколку месеци пред затворањето

МИА/Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договор вреден 4,9 милиони евра склучи Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони со „Зобек мининг груп“

Редакција

Се укинуваат ограничувањата за влез во Црна Гора и Ирска

Редакција

Нови два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид

Редакција