еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Светот нема да се ослободи од ковид до крајот на годината

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е нереално да се мисли дека светот ќе се ослободи од Ковид-19 до крајот на оваа година.

Директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан сепак изјави дека трагедијата во кризата со коронавирусот може да се избегне со намалување на бројот на хоспитализирани и починати, пренесува „Гардијан“.

Тој додаде дека вирусот сè уште е оној што има контрола, особено со оглед на зголемувањето на бројот на новозаразени минатата недела, по шест последователни недели пад на бројките.

– Би било многу прерано и нереално да се мисли дека ќе се ослободиме од вирусот до крајот на годината. Но ако сме паметни, можеме да завршиме со хоспитализации, смртни случаи и трагедија поврзана со пандемијата“, рече Рајан.

МИА/Фото: Photo by Anton on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вистината за Симон Трпчески и неговиот настап на концертот во Штип

Редакција

Градоначалникот на Чернихив објави видео: Гробишта се полни, ги чуваме мртвите во мртовечници и ладилници

Редакција

Повеќе од една четвртина од населението: Поради војната 10 милиони Украинци ги напуштиле домовите

Редакција