еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Бугарија многу често почна да се меша во внатрешните работи на Македонија

Барањето на бугарскиот претседател Румен Радев безбедносните служби на неговата земја да проверуваат дали во Македонија на етничките Бугари им се оспорува правото на самоопределување е само едно во низата константни мешања на Бугарија во внатрешните работи на Македонија.

Засега Радев е се уште далеку од речиси секојдневното мешање во внатрешните работи на Македонија од страна на министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, на која поради нејзините лични фрустрации и пречи се што е поврзано со Македонија, па „соли памет“ со кој Македонија треба да соработува, притоа незаборавајќи да спомне дека 100 илјади македонски државјани имале бугарски пасош, ама не кажува како и за колку пари ги купиле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија треба до јуни да дозволи регистрација на сите македонски здруженија, тоа е главниот проблем, вели нивниот адвокат

Захариева загрижена за самоопределувањето на Бугарите во Македонија, еми што да кажат Македонците во Бугарија

Без конкуренција е секако министерот за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов, кој неодамна отворено се закани дека ќе пуштел инжинериски полк во Македонија со задача да ги отстрани и уништи сите споменици и спомен обележја кои потсетуваат на бугарското фашистичко дивеење во Македонија за време на Втората светска војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој стои позади културниот центар Иван Михајлов од Битола, кој ја крена Бугарија на нозе

До сега немало никаква реакција од страна на НАТО за ваквото однесување на високи бугарски функционери, а Европската Унија како и секогаш си гледа сеир.

Ваквото секојдневно однесување на бугарските политичари не само што преставува школски пример за мешање во внатрешни работи на независна држава, непочитување на меѓународните стандарди, туку е и прекршување на неколку членови и параграфи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија:

„Член 11

1.Ниту една од Договорните страни нема да презема, поттикнува и поддржува дејствија, насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер.

2.Ниту една од Договорните страни нема да дозволи нејзината територија да биде искористена против другата од организации и групи, кои имаат за цел извршување на субверзивни, сепаратистички дејствија и дејствија кои се закана за мирот и безбедноста на другата Договорна страна.

3.Двете Договорни страни немаат и нема да пројавуваат територијални претензии една спрема друга.

4.Секоја од Договорните страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани, на територијата на другата Договорна страна, во согласност со меѓународното право.

5.Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица, кои не се државјани на Република Македонија.

6.Двете Договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетиле на нивните односи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Бугарскиот претседател Радев се меша во внатрешните работи на Македонија

Заев до Радев: Недозволиво е мешање на една земја во друга, разузнавачки служби не ги утврдат правата на граѓаните

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на БЈБ, Сашо Тасевски се сретна со папата Франциск во Ватикан

Редакција

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цените на бензините остануваат исти

Редакција

(ВИДЕО) По 19. пат накитена елката во водите на Охридското Езеро

Редакција