еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каква моќ има Заев, старо-новиот лидер на СДСМ: Што пишува во статутот на партијата

Зоран Заев е старо – новиот лидер на владејачката СДСМ.

Тој беше реизбран вчера на првите непосредни внатрепартиски избори со 59.240 гласа „за“, 865 „против“ и со 277 неважечки ливчиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев реизбран за претседател на СДСМ

Лидер на СДСМ од 2013 година

Заев беше назначен за вршител на должноста претседател на СДСМ во септември 2008 година по одржаниот партиски Конгрес.

По завршувањето на претседателскиот мандат на Бранко Црвенковски во 2009 година, Црвенковски се врати на чело на СДСМ, а Заев стана потпретседател на партијата.

Во јуни 2013 година, Заев беше избран за претседател на СДСМ по оставката на Црвенковски, поради лошиот изборен резултат на локалните избори во 2013 година.

Оваа му е трет мандат.

Каква моќ има Заев во партијата

Претседателот на СДСМ е дел од еден од највисоките органи на партијата, Централниот одбор, кој одлучува за многу внатрепартиски работи и е дел од Конгресот на партијата.

СДСМ по речиси ништо не се разликува од другите партии во Македонија, кои експертите ги нарекуваат „султан партии“, поради моќта на лидерот.

Според статутот на партијата, во членот 31 стои дека претседателот на СДСМ го претставува и застапува СДСМ, раководи со СДСМ меѓу седниците на неговите органи, учествува во градењето на политиката на СДСМ, ги свикува седниците на Централниот одбор, доколку на негово барање тоа не го направи претседавачот на Централниот одбор, ги свикува седниците на Извршниот одбор, именува и разрешува претседатели на општинските организации и претседател на градската организација на Град Скопје, по претходно утврдена постапка од страна на Централниот одбор, предлага заменик претседател на СДСМ, предлага два до четири потпретседатели на СДСМ, извршува и други работи што му се ставени во надлежност со општите акти и со посебните одлуки на органите на СДСМ.

Мандатот на претседателот на СДСМ трае 4 години, со право на повторен избор.

Во членот 74, пак стои дека доколку се изгласа недоверба на претседателот на СДСМ, во рок од 30 дена се свикува Конгрес, со нов избор на сите органи на СДСМ, избрани од Конгресот, чиј мандат трае 4 години.

Доколку се изгласа недоверба на другите органи во рок од 30 дена се свикува соодветниот орган кој ги избира, а мандатот на новите членови трае до крајот на постоечкиот мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Се разгоруваат внатрепартиските избори во СДСМ, Заев објави снимки против Заев„: Твитер реакции за изборот на нов лидер на СДСМ

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

62-годишник од Ливада осомничен за убиството на кучиња во Струга

Редакција

Бензините поскапуваат за 1,5 денари, а дизелот за три

Редакција

Што пишува во биографијата на Оливер Ристовски: Од заменик-министер за правда до член на ДИК

Редакција