еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Присуството на пратеници со Ковид-19 во Собранието е според сите протоколи, велат од СДСМ

Парламентарното мнозинство, вклучувајќи ги и пратениците позитивни на Ковид-19, за кои е обезбеден посебен протокол, денеска ќе ги изгласаат пакет мерките за помош на граѓаните, најави пратеникот од СДСМ, Јован Митрески и потенцира дека нема да дозволат уцени.

-Наша должност како пратеници е да служиме на народот и во добро и во лошо. Опозицијата направи непромислени чекори против сопствениот народ и затоа со нив или без нив денескa владејачкото мнозинство ќе ја изгласа помошта за граѓаните.

Една милјарда деветстотини и дваест милиони денари поддршка за плати за февруари и март 2021 година од утре ќе почнат да стигаат кај граѓаните на голема жалост на опозицијата.

Помошта ја обезбедивме, сега ќе ја испорачаме. На денешната седница ќе ги усвоимие законите кои обезбедуваат финаниска помош за илјадници граѓани и компании кои, закони ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги блокираа, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ, Митрески.

Координаторот на СДСМ рече дека присуството на пратениците кои се болни од Ковид-19 е според сите протоколи. Појасни дека тие нема да бидат присутни во салата со сите пратеници, туку со посебен лифт и по ходниците ќе бидат спроведени во кабини од каде ќе гласаат и потоа по истиот протокол ќе заминат.

Се работи за двајца пратеници кои се со коронавирусот, на едната пратеничка вчера и завршила изолацијата.

Митревски информираше дека денеска ќе присуствува и пратеник кој бил со скршеница.

Тој рече токму поради ова пред неколку месеци побарале да се одржат онлајн седници, кој предлог опозицијата не го прифатила, според него, за да ја доведе државата во ваква состојба, да ги блокира законите кои треба да обезбедат пари за граѓаните како помош за последиците по економијата кои произлегоа од кризата со коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако пратениците со Ковид-19 дојдат во Собрание ќе ги прекршат законите за заштита на јавното здравје, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев се заканува со кривична за биолошки тероризам, оти болната од Ковид-19 пратеничка отиде во Собрание да гласа

(Фото) Пратеничката на СДСМ, болна од Ковид-19 во скафандер отиде да гласа во Собрание

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Герас Цунев-трговија со загуба во третиот квартал

Редакција

Кога Палевски ќе биде екстрадиран во Македонија, за еден месец или за повеќе?

Редакција

Дисциплинска постапка за две лица вработени во УБК: Пронајдена марихуана кај нив

Редакција