Бугарскиот претседател Румен Радев, за време на средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва, изјави дека проширувањето на ЕУ треба да е засновано на реални резултати од добрососедските односи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев истакнал дека за Бугарија европската перспектива на Западен Балкан и проширувањето на ЕУ се неспорен приоритет, додавајќи дека за постигнување на ефикасни резултати за земјите-кандидати за членство во ЕУ, најважен е директен и отворен дијалог.
-Затоа ние сакаме да видиме не само декларации, туку јасни гаранции за нашата национална безбедност и нашите национални интереси, рече Радев.
На средбата присуствуваше и бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, јави дописникот на МИА од Софија.
Радев го истакнал значајниот напредок во европската агенда, постигнат за време на португалското претседателство со Советот на ЕУ, и ги нагласи напорите на европските институции за уште потесното присоединување на Западен Балкан кон обединета Европа.
-Бугарија е одговорна членка на ЕУ и ќе продолжи да ги помага кандидатите за членство во Унијата да ги исполнат критериумите од Копенхаген и да ги утврдат принципите на добрососедство и почитувањето на човековите права, кои се во средиштето на европската соработка, рекол Радев за време на разговорите со Силва и Вархеји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев го бендиса предлогот на Силва и Вархеји за деблокада на преговорите со Македонија
МИА/Фото: Фејсбук/Радев