Бројот на жртви од поплавите во јужниот дел на Белгија, најголеми во последните 20 години, се искачи на 11 лица, јавија белгиските медиуми.
Во Германија пак, бројката на загинати е најмалку 90.
„Властите ја потврдија смртта на 11 лица, а се смета дека тројца се спасувачи, чиј брод се превртел во каллив поток“, соопшти телевизискиот канал РТБФ.
Спасувачките екипи користат моторни чамци и хеликоптери за да ги евакуираат луѓето.
Во меѓувреме, властите во областа Ахрвејлер во западната германска покраина Рајнска област-Пфалц соопштија дека немаат информации за повеќе од илјада луѓе.
„Во моментов претпоставуваме дека има околу 1.300 исчезнати лица. Само во областа на окружниот град Бад Ноенахр-Ахрвајлер, од утрово имало околу илјада повици, а операциите за спасување продолжуваат“, се вели во соопштението на службата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Катастрoфални поплави во Германија: 30 лица исчезнаа, десетици куќи пред рушење
Фото: Unbelievable Events