еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Трајковски за искуствата со пациенти со делта сојот: Болеста прогресира за само 24 часа

Матичниот лекар Бојан Трајковски за телевизијата Алфа, вели дека состојбата со вирусот е хаотична и дека овој бран долго ќе трае.

Болеста кај некои лица, вели прогресирала токлу брзо, што само вчера испратил двајца пациенти на болничко лекување.

„Кај еден случај, првата контрола ја направив завчера, завчера беше комплетно чист со чист белодробен наод, здрав човек со некоја блага температура, вчера веќе имаме масивна пневмонија лоцирана лево и десно во белите дробови. За 24 до 48 часа се случува масивна разлика во однос на она што е здрава или нормална клиничка слика за еден пациент“, вели доктор Трајковски.

Меѓу неговите пациенти имало и вакцинирани лица, но кај нив болеста била со полесна клиничка слика. Сепак, признава до сега не сретнал ниту еден кој го прележал вирусот и повторно се инфицирал.

„Сите оние кои се невакцинирани, што се најголем број од случаите, некаде околу 70 до 80 проценти од позитивните се невакцинирани, кај нив гледаме една лепеза од симптоми.

Еве се случува година и половина короната, но за прв пат гледаме гастроинтестинални тегоби, испреплетени со пулмонарни промени како што е пневмонија, бронхитични наоди, температура есктремно по неколку денови.

Многу, многу симптоми кои до сега не очекувавме да ги видиме, особено не кај еден пациент сите тие симтоми“, додава тој.

Искуствата од прегледите на терен покажуваат дека бројот на заразени допрва ќе се зголемува, дециден е доктор Трајковски, кој не ја исклучува можноста за две до три седмици дневниот број на нови случаи да надминува и по 2.000.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пановски за клиничката слика на младите од делта сојот: Имавме „тест“ во Охрид со илјадници „настинати“ кои лесно поминаа

Доктор Баловски ги објаснува симптомите на делта сојот, на удар младите на возраст од 18 до 30 години

СЗО: Делта сојот најмногу циркулира во области каде има помалку вакцинирани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Даниловски вели дека делта сојот манифестира слични симптоми како и настинката

Редакција

Невакцинираните се потенцијални самоубијци, а тие нема да влезат во царството небесно, вели владиката Петар

Редакција

Очекуваниот животен век во ЕУ е 80,6 години, во Македонија 73,2

Редакција