Ќе инсистирам на институционален пристап, точна анализа, проверка и секако разговор во однос на конкретното прашање за да ги изнесеме сите информации во јавноста, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, во врска со посетите во модуларната болница за Ковид-19 во Tетово, во која што при пожар синоќа животот го загубија 14 лица.
Во однос на прашањето дека дел од сведоците и роднините на хоспитализираните велат дека биле постојано таму за да им помагаат, да бидат придружба, Филипче одговори дека во секој момент обезбедувале доволно кадар насекаде.
На прашањето за разрешување на директорот на Тетовската болница, министерот посочи дека утврдувањето на одговорноста ќе го остави на истражните органи и на Инспекторатот. И, како што рече, никој нема да избегне од таа одговорност, доколку се утврди.
– Јас би ги почекал сите наоди да завршат од сите работи кои што ќе се истражуваат, изјави Филипче.
Министерот дополни дека апсолутно никој нема да избегне одговорност, и има повеќе аспекти кои што се истражуваат, а кога сето тоа ќе се анализира, ќе излезат со конечни ставови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче ќе почека да заврши истрагата и ќе донесе одлука за оставка
Починатите во пожарот во Тетово се на возраст од 29 до 79 години
МИА/Фото: МИА