еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Митко Јанчев, старо-новиот градоначалник на Кавадарци

еМагазин во серијал ќе Ви ги престави градоначалниците кои беа избрани во првиот круг од Локалните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 22 градоначалници, СДСМ 9, во вториот битката ја продолжуваат во 25 општини

Кој е Митко Јанчев

Митко Јанчев, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, повторно е избран за градоначалник на Кавадарци.

Роден е во ноември 1981 година.

Јанчев е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, а магистерските студии на истиот ги завршил во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.

Сопруг е на Веселка и татко на три деца.

Професионална кариера

Тој е сопственик и управител на Кожувчанка од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија. Функцијата управител ја презел на 23 годишна возраст, по ненадејната смрт на неговиот татко, кој бил основач на компанијата.

Тој е и член на Управниот одбор на Стопанската комора на Република Македонија и претседател на Регионалната Стопанска комора во Кавадарци.

Политичка кариера

Беше и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, но беше разрешен од сите партиски функции во октомври 2018.

Сепак на овие избори повторно беше кандидат на оваа партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејната династија продолжува: Кој е Алија Јаоски, новиот градоначалник на Пласница

Кој е Марко Колев, новиот градоначалник на Велес

Кој е Дарко Костовски, новиот градоначалник на скопски Бутел

Фото: Фејсбук/Јанчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателката на Словачка, Чапутова од Скопје: Oчекувам дека многу скоро ќе бидеме заедно и во ЕУ

Редакција

Србија поради корона вирусот ги пломбира границите со соседите: Затвори 44 гранични премини

Редакција

Спасовски не сака да коментира дали ќе биде дел од новата Влада

Редакција