Министерството за здравство го објави вториот извештај кој се однесува на починатите од Ковид-19, а се вакцинирани, во кој меѓудругото има и информации и за тоа со какви вакцини биле вакцинирани овие лица.
И во вториот извештај повторно најголемиот дел или 16 пациенти од починатите-вакцинирани примиле кинеска вакцина „Синофарм“.
Се уште е рано да се донесуваат генерални заклучоци, но овие два извештаи во преден план ги ставија кинеските вакцини, „Синофарм“ и „Синовак“.
Па така за две недели од 53 лица кои починале од Ковид-19, а биле вакцинирани, 33 примиле „Синофарм“, а 10 „Синовак“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
16 пациенти вакцинирани со „Синофарм“ починале од Ковид-19 минатата недела, а шест со „Синовак“
17 лица кои починале од Ковид-19 минатата недела биле вакцинирани со Синофарм
Треба да се напомене дека сите вакцини се ефикасни за спречување на хоспитализација или смртен исход од заболување со Ковид-19, но светските искуства досега покажаа дека некои се поефикасни во заштитата, а некои помалку.
Предупредување за кинеските вакцини пред неколку месеци стигна и од Србија, каде тамошните експерти препорачаа трета доза со некоја друга вакцина за сите кои се вакцинирале со кинески вакцини, а посебно постарите лица.
Од пред неколку дена македонските здравствени власти препорачаа трета доза за сите вакцинирани со овие вакцини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве колку граѓани во Македонија, заклучно со 24 октомври, според податоци на Институтот за јавно здравје, се вакцинирани со кинески вакцини:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МЗ/Табела: ИЈЗ