еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

А кога Радев ќе ги покани на средба преставниците на здруженијата на Македонците во Бугарија?

По се изгледа драмата со историјата на Бугарите не им проаѓа во Европската Унија (ЕУ), како оправдание за блокадата за Македонија, па сега ќе прават и веќе прават нова.

Сега се фатија за правата на Бугарите во Македонија, кои демек биле дискриминирани, тема што не ја спомнуваа до пред потпишувањето на Договорот за добрососедство, па излегува дека тие почнаа да се “дискриминираат“ преку ноќ.

Ако Бугарите во Македонија се толку дискриминирани, а Македонија не прави ништо околу тоа, како што велат бугарските политичари, еве им го судот во Стразбур, па нека се жалат таму. Судот како независна страна ќе каже дали е вистина тоа, оти на бугарските политичари не им веруваат ниту Бугарите, а камоли ние.

Нека го следат примерот на здруженијата на Македонците во Бугарија кои добија дури 14 пресуди на судот во Стразбур, затоа што во Бугарија не им дозволуваат ниту здружение да си регистрираат, а камоли нешто друго.

Членката на ЕУ, Бугарија не ги ратификуваше истите во Парламентот, а ЕУ пак нема механизам со кој би ја принудила својата членка да го направи тоа. Толку за правата на малцинствата во ЕУ, тема за која од таму на нас ни се качија на главата изминативе децении.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Бугарите во Македонија услов за ЕУ: Колкав е нивниот вистински број?

Бугарите безобразно се вмешаа и во пописот во Македонија, условувајќи со конкретни бројки колку Бугари треба да има во Македонија, ама заборавија да кажат дека во нивната земја Македонците неможат да се попишат како Македонци од далечната 1956 година.

За разлика од Македонците во Бугарија, Бугарите во Македонија имаат без никаков проблем регистрирани дузина здруженија и Бугарите можат да се попишат ако сакаат и како Марсовци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија стои цврсто зад македонските Бугари, вели Радев

Здруженијата на Бугарите во Македонија вчера на поканаа на бугарскиот претседател Румен Радев остварија средба со него, па редно е ако Радев е претседател на сите граѓани во Бугарија, да ги покани и преставниците на Македонците во Бугарија, за да му кажат дека имаат проблем со регистрацијата, не дека он не чул за тој проблем.

Радев на средбата оценил дека бугарските граѓани се граѓани на ЕУ, па нивната дискриминација е дискриминација на европејци. А Македонците во Бугарија не се европејци?

Фото: Фејсбук/Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да и помогнеме на Дијана во лекувањето

Редакција

Како се лекувал Трамп од Ковид-19: Примил коктел со антитела кој бил развиен со употреба на клетки од абортиран фетус

Редакција

Убава вест: Во Дебар нема повеќе заболени од корона вирусот, оздраве и последниот пациент

Редакција