еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Фото) Која е професионално и приватно Данела Арсовска, првата жена градоначалник на Скопје

еМагазин во серијал Ви ги преставува новите градоначалници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска, прогласена за „Бугарка“, стана градоначалник на Скопје, Заев поднесe оставка: Бугарските медиуми за изборите во Македонија

Шилегов го призна поразот, Данела Арсовска е првата градоначалничка на Скопје

Ќе се откажам од статусот конзул на Унгарија и од претседател на ССК за да ја извршувам градоначалничката функција, изјави Арсовска

Која е Данела Арсовска

Данела Арсовска стана првата жена градоначалник на Град Скопје.

Таа беше независен кандидат, а подршка доби од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери од албанскиот политички блок Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Во текот на изборната кампања, неколку пати посочи дека не е член на партија.

Родена е 1979 година во Скопје.

По професија е правник. Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “.

Има и магистратура по економија и извршно образование од Универзитетот во Оксфорд и Универзитетот во Шефилд.

Зборува англиски, германски, бугарски и српски јазик.

Таа е сопруга и има еден син.

Професионална кариера

Од 2014 години е претседател на Сојузот на стопански комори (ССК).

Од 2018 година е и во раководната структура на Светската федерација на комори, каде има 12.700 членови и таа е една од четирите жени кои се носители на таа функција во светот.

Во 2017 година беше назначена за членка на судот за помирување и арбитража на ОБСЕ во Женева, Швајцарија, а исто така е и член на судот на постојаниот арбитражен суд во Хаг, Холандија од 2017 година.

Арсовска е претставник во македонското Собрание во Националниот совет за европска интеграција од 2016 година. Таа е член и на Советот за јавно приватно партнерство во Владата.

Од 2020 година, со согласност на Владата, Арсовска е почесен конзул на Унгарија со седиште во Штип.

Признанија и награди

Како признание за нејзината работа во 2018 година, Светскиот инвестициски форум за деловни ангели на Арсовска и го додели признанието „Најдобар модел на деловна жена во Југоисточна Европа“.

Во 2019 година на Самитот на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа, Арсовска беше наградена со признание за нејзиниот посебен придонес во развојот на претприемништвото.

Во 2020 година Арсовска беше наградена со сертификат за заслуга од Кунио Микурија, генерален секретар на Светската царинска организација, како признание за нејзиниот придонес во развојот на царината.

Во 2019 година ја покрена иницијативата за учество на жените во климатска акција, каде директно се преземаат мерки во институциите и приватниот сектор за намалување на загадувањето.

Член е на Гриновет проектот каде се вклучени 4 држави за развој на образованието за екологија со цел да се обезбедат услови за континуирано спроведување на зелена, инклузивна и одржлива економија.

Член е и на партнерската кампања на Обединетите нации за Деловен климатски хаб, каде во 78 земји, малите и средните претпријатија почнаа активно намалување на емисиите на стакленички гасови и справување со климатските промени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Александар Стојкоски, новиот градоначалник на Ѓорче Петров

Кој е Александар Георгиевски, новиот градоначалник на Илинден

Кој е Борче Јовчески, новиот градоначалник на Прилеп

Семејната династија продолжува: Кој е Алија Јаоски, новиот градоначалник на Пласница

Фото: Арсовска/Фејсбук/ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија двајца заразени со вирусот Западен Нил, заразени комарци регистрирани на три локации

Редакција

Солидарниот данок ја намали добивката на Макстил лани

Редакција

Запленети 50.600 евра на скопскиот Аеродром кај патник од Турција

Редакција