Државната изборна комисија (ДИК) информираше дека заклучно со вчерашниот ден, до ДИК се поднесени вкупно 23 приговори за постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите, и тоа: седум приговори од политичката партија ТМРО, кои се однесуваат на избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане, седум приговори од Коалицијата предводена од СДСМ, кои се однесуваат на избирачките места 2966/1 и 2958/1 во општина Шуто Оризари, избирачкото место број 1612 во општина Конче, избирачките места 835, 874 и 865 во општина Кочани и избирачкото место 882 во општина Чешиново-Облешево, еден приговор од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој се однесува на избирачкото место број 1532 во општина Пробиштип, пет приговори од политичката партија ДУИ, кои се однесуваат на избирачките места број 2341, 2352 и 2355 во општина Студеничани, и избирачките места број 2107 и 2108/1 во општина Желино и три приговори од Група избирачи Енвер Пајазити кои се однесуваат на избирачките места број 2037, 2040/1 и 2038 во општина Брвеница.
Фото: МИА